Јас сум бугарофил, Бранко е Југословен а, Грујо е Србин со Говорна Мана.

Се згазив од смење од глупостите на „Војводата“. Не промовирам вакви кретени ама пациентов е за смеење. Ми го разубави денот со смеење. Не се ни труди да глуми.

Најголеми бисери му беа:

Јас сум Бугарофил 2/3 од ДПМНЕ беа бугарофили како мене.

Бранко е Југословен.

Мнозинството од македонците несакаат своја држава тие се за Југославија.

Грујо е Србин со Говорна мана, сега сите во ДПМНЕ се Срби и ја југословенизираат Македонија.

Денес Македонија се Рејугославизира.

Јас никогаш не би сакал повеќе да стапнам во зградата на ДПМНЕ.

Бивша Југословенска Република Македонија е најсоодветно име за Македонија.

Р.Македонија е составен 3 дела еден Исламски друг Српски а трет Бугарски.

Р.Македонија требаше да се подели во 1991 тоа е грешката затоа не ја бива работата денес.

“Антиквизацијата„ денес е грчки заговор против Македонија и ја прават грчки шпиони.

Јас сум Бугарофил, Македонски идентитет е измислен од Бугарскиот и можам мирно да си спијам со тоа.

Екстра бонус бисер на Васко.

Вие(Љ.Б) сте како  Гатузо кога игра фудбал се` правите освен што играте фудбал.

YouTube Preview Image YouTube Preview Image YouTube Preview Image YouTube Preview Image YouTube Preview Image YouTube Preview Image


95 comments ↓

#1   Barabbas on 05.31.10 at 1:27 pm

FАIL!

(За Љ.Г)

#2   stefus-refus on 05.31.10 at 1:33 pm

Циркус е типов. Целосно го изгубил контактот со реалноста. Типов тотално скренал.

#3   svabo on 05.31.10 at 1:39 pm

Абе Шехи да не е Љубчо? :mrgreen:

#4   1979 on 05.31.10 at 1:42 pm

И после пак нека речат оние неговите следбеници дека не бил бугарофил.
Бугарофилиште со тапија.
Оние што и после ова ќе го поддржуваат овој идиот, не се ништо друго освен бугарофили како него.

#5   Charlotte on 05.31.10 at 1:43 pm

Абе од сабајле тоа се смееме.Најарно е ЉГ да го замени БЦ како лидер на опозицијата.Со 2/3 бугарофили и 1/3 србофили тоа е 102,6% од македонското население на РМ без Амди Б. а со се Сис Љубе :D

Победничка опција за Еуропа здај ! :P

#6   stefus-refus on 05.31.10 at 1:43 pm

Moже исти се. Тајно пишува.

#7   Barabbas on 05.31.10 at 1:45 pm

Можам да замислам како се чувствуваат сите кои едно време животот го даваа за Војводата, и на негова слика пиштол и кама бакнуваа.

Само да не се повтори историјата.

#8   svabo on 05.31.10 at 1:46 pm

А како му рече Ефтов: Аман више немој да правиш кадровски решенија, после ние си имаме проблем со нив :) Љубче само се насмеа. Абе мора Јанко да го покани па Миленко. Замисли какви муабети таму ќе вади.

#9   fantom1 on 05.31.10 at 1:47 pm

http://kafetino.blog.mk/

Еве како дотичниот Васко Ефтов се декларира !

#10   1979 on 05.31.10 at 1:49 pm

Интересно е како овој бранков пиун – Васко Ефтов сака да му залепи етикети на Груевски за србоманство.

Не знаев дека Србин би сакал да гради 20 метарски споменик на Александар Македонски на плоштадот.

Цело време во емисијата Васко и ЉуБчо се трудеа да докажат дека во Македонија има се само Македонци не.

Инаку на Васко Ефтов идол му е маршалот од Кумровец, а ментор лицето Б.Ц.

Колку да се знае.

#11   stefus-refus on 05.31.10 at 1:51 pm

Не бе според Љ.Г. Аце бил Југославизација која ја организираат грчки тајни служби. :-?
Бил на лекар во последно време овој?

#12   alek_careca on 05.31.10 at 2:00 pm

добро ти беше она со Гатузо! Муабет на место! Исти Гатузо! Душичка! Му треба внимание! Кај да е, ќе му се придружи и БЦ во историјата па ќе можи да имаат ривалитет како остатоци и ресидив на транзицијата!

#13   svabo on 05.31.10 at 2:01 pm

1979 и Фантом1, малку бегате од темата али ве схвачам. Но, да се вратиме на изјавите на бившиот прецедател на вмро дпмне.
Како рече? Бонева и Китановски са антички Македонци 102,3%. :lol:

#14   Barabbas on 05.31.10 at 2:04 pm

“…Но, да се вратиме на изјавите на бившиот прецедател на вмро…”

Ти Швабо изгледа не знаеш дека на секои избори ДПМНЕ воскреснува и нема веза со претходната партија.

Кога тоа Љубчо бил претседател на ДПМНЕ?

СИГУРЕН СИ?

#15   svabo on 05.31.10 at 2:07 pm

хмммм. ова ако го напише вмровец че го прихватам. вака че го сметам за шпекулација.

#16   1979 on 05.31.10 at 2:09 pm

Швабо, знам дека ти се лоши кога се пишува против Бранко и против маршалот од Загорје, но тоа е реалноста.

Тоа не е бегање од темата, туку поврзано е со темата.

#17   stefus-refus on 05.31.10 at 2:12 pm

„Македонските Бугарофили се Македонизирани стари Бугари и тие ја направија независна Р.Македонија„ Љ.Г.

#18   Barabbas on 05.31.10 at 2:14 pm

Пандемониум!

Многу во матно е Љ.Б изгледа.

#19   svabo on 05.31.10 at 2:20 pm

1979 ти имаш проблем со реалноста, не јас. ниту БЦ го спомнав а нити некој друг што небеше спомнат од ЉГ. Ниту пак етикетирам. Ајде ти стави се во оваа група. :O

#20   stefus-refus on 05.31.10 at 2:29 pm

Edge ај докажи дека идејата да се гради 20 метарски споменик на А.Македонски е од Србија…Ако не добиваш или ова не е цитат од Љ.Г. Добиваш бан.

#21   svabo on 05.31.10 at 2:31 pm

едге, тоа што го кажа ти е типично бугарофилско размислување.

#22   stefus-refus on 05.31.10 at 2:52 pm

Едге доби бан тресеш зелени. Шешељ го измислил дека Аце и сака да гради споменик во СК…ајде бе… :-D

#23   1979 on 05.31.10 at 3:12 pm

Швабо, она што сум го напишал во коментарот беше опфатено во емисијата на Ефтов и не гледам каде бегам од темата.
Твојата констатација дека бегам од темата е потврда дека те погодил коментарот.

#24   svabo on 05.31.10 at 3:24 pm

Знаеш шо ме погоди? Што ми залепи етикета дека ми се лоши кога се пишува против Бранко и против маршалот од Загорје. А кој па маршалот го спомна? А дека тебе ти се лоши штом промоторот на сегашниот премиер кажува некои работи за него.
Јеб га брат. Ти си оговарачот.

#25   1979 on 05.31.10 at 3:31 pm

Швабо, само ќе цитирам кој прв почна –

“1979 и Фантом1, малку бегате од темата али ве схвачам.“

Ако очекуваш да го премолчам тоа што ти го напиша, си се заебал.

#26   stefus-refus on 05.31.10 at 3:34 pm

Не да забегаа ама ај.

#27   svabo on 05.31.10 at 3:36 pm

кажи,а? :mrgreen:

#28   andrej on 05.31.10 at 4:32 pm

Љубчо во поголемиот дел од изјавите е во право.

#29   stefus-refus on 05.31.10 at 4:36 pm

Aндреј Љуби те мајка ти си прав мали Контраденко :-D

#30   andrej on 05.31.10 at 4:44 pm

Не сум јас контра неговите изјави. Мислам дека за повеќето е во право.

#31   stefus-refus on 05.31.10 at 4:47 pm

Убаво за тебе, слободно мисли си :-D

#32   andrej on 05.31.10 at 4:50 pm

Па јас тоа и правам. А ти чувај си го постот. Кога ке замине оваа власт, и кога ке пукне вистината, сети се на зборовите на Љубчо.
Тогаш ке се сложиш со мене. Сега што и да ти кажувам нема да веруваш.

#33   stefus-refus on 05.31.10 at 4:51 pm

Слободно кажи си што што од повеќето работи е во право Буби. Да ти го фатам сеирот и на твојот патем. :-D
“Мислам дека за повеќето е во право.„

#34   andrej on 05.31.10 at 4:58 pm

Јас сум Бугарофил 2/3 од ДПМНЕ беа бугарофили како мене.

Бранко е Југословен.

Мнозинството од македонците несакаат своја држава тие се за Југославија. (ова се однесува на референдумот во 1991)

Грујо е Србин со Говорна мана, сега сите во ДПМНЕ се Срби и ја југословенизираат Македонија.

Денес Македонија се Рејугославизира.

Бивша Југословенска Република Македонија е најсоодветно име за Македонија.

Р.Македонија е составен 3 дела еден Исламски друг Српски а трет Бугарски.

“Антиквизацијата„ денес е грчки заговор против Македонија и ја прават грчки шпиони. (преку српските тајни служби )

Јас сум Бугарофил, Македонски идентитет е измислен од Бугарскиот и можам мирно да си спијам со тоа. (ова е целото точно, зашто он така го гледа иако јас се слагам само со првиот дел)

#35   stefus-refus on 05.31.10 at 5:09 pm

Добро како сакаш, Чао.

#36   vmoroid7 on 05.31.10 at 5:10 pm

Хе, хе,

ДПМНЕовците ја голтнаа кнедлата,

ќе речат дека нивната икона ЉуБчо БГ – не чинел,

ама „исто како Бранко“ :)

ПИПССССС!!!

Бранко вика дека Македонците се Македонци.

Тоа смета, а? Е смета.

#37   stefus-refus on 05.31.10 at 5:19 pm

Морон не ја разбираш поентата на муабетов ама ај ништо неможе да се направи против еднодимензионално размислување не си ти крив…Поздрав

#38   vmoroid7 on 05.31.10 at 5:29 pm

stefus-refus,

поентата: Љубчо Георгиевски,

јас ја имам разбрано уште во 1990 година,

кога неговите ставови на многумина им изгледаа како ВИЗИИ.

Тој своите ставови ги нема променето од тогаш.

Така да, пола од ДПМНЕовците, тие денес што молчат,

всушност не сакаат да кажат дека сеуште му веруваат.

Со 90% негови ставови и денешното ДПМНЕ се слага.

#39   stefus-refus on 05.31.10 at 5:40 pm

Муабетов ми беше дека почнува појавно и отворено да го кажува предходно беше доста подзаскриен и во завиена форма. Ова му е прв пат отворено да се декларира како бугарофил не сум го чул предходно.

#40   andrej on 05.31.10 at 6:29 pm

Тоа е затоа што не го познаваш.

#41   stefus-refus on 05.31.10 at 6:48 pm

E не се познавам со него :-?

#42   andrej on 05.31.10 at 6:52 pm

Затоа и одпосле се чудите.

Латас, Мирка, Миленко и Јанко (кој изгледа си ги спакува куферите) ви се прозорец кон вистината.

#43   effo on 05.31.10 at 7:07 pm

Љубчо Георгиевски застранил скроз-наскроз?! Не е чудно ништо поврзано со неговото име.Емисијата на Васко Ефтов не ја гледам од причина што органски не го поднесувам водителот,а не сум единствен,ама овој пат ми се виде симпатичен човекот. Спореден со неговиот соговорник дури и Ефтов покажа некаква привлечност и каризма. На изненадувањата никогаш им нема крај,но така е секогаш со Љубчо Георгиевски.
Што му беше целта со овие изјави,нема да дознаеме, не одговори на тоа прашање,иако неколку пати му го постави Ефтов,дека сака да се дозакопа политички и им прави на оние малкумина јадници кои веруваат во него,не верувам. Ќе откриеме подоцна можеби,има некоја заднина сето ова,или е кривична пријава??? Времето ќе ме демантира или потврди,ако деновиве не се јави Јавниот Обвинител со некакви докази за неговите `бизнис` зделки значи сум погрешил. А наместо во Србија кај другарчето Даравелски има намера како Спаска да бара спас кај источните говнојатци,тоа ќе е намерата на ова негово интервју.
Сме го слушале милион пати до сега,неговата речитост и убедливост не е за занемарување,ама овој пат тој потфрли,од авион се гледа дека ни самиот не верува во сите глупости кои ги истресе. Позз Стеф :-D

#44   effo on 05.31.10 at 7:16 pm

lapsus kalami. :-D
“дека сака да се дозакопа политички и им прави услуга на оние малкумина јадници кои веруваат во него,не верувам.“

#45   » Љубчо Бугарчо Effo on 05.31.10 at 7:36 pm

[...] Еве дел од арсеналот глупости кои ги откина нашиот Љубчо Бугарчо, а остатокот како и линковите до неговото интервју со Ефтов се кај почитуваниот Стефус Рефус на блог. [...]

#46   stefus-refus on 05.31.10 at 9:08 pm

Еффо типов секогаш бил ментално нестабилен. Не верувам дека има некоја очигледна далавера направено зошто е премногу смотан да ја скрие. Само сега нема што да изгуби па затоа го зборува ова. Инаку и јас во основа му верувам на тоа што го зборува дека одсекогаш бил ваков само поради тоа што би значело крај на неговата политичка кариера никогаш не го кажал јавно и директно. Сета работа и предходно индиректно ја кажуваше но како ја губеше власта стануваше се по проѕирен и проѕирен. Тој нема никогаш да се врати во политиката зошто одамна е клинички мртов и сосема неупотреблива политички личност. Аналог на Јован Вранишковски во Црквата.

#47   stefus-refus on 05.31.10 at 9:13 pm

Типов боледува од самоуништување. Си ја уништи кариерата од Премиер стана лидер на опозиција од опозиција во фркација од фркација во мала парламентарна партија од таму во вонпарламентарна партија од таму во дисиден од дисиден во будалетка за исмевање како Сабина и Рабина.

#48   insomnia on 05.31.10 at 9:41 pm

Ако внимателно го слушавте Георгиевски во емисијата на сите поставени прашања на кои одговори е така и тука нема што да се смеете или пак да негирате.

Освен два момента, можеби и најважните за кои јас ама апсолутно не се согласувам, а тоа беше – “да сме престанеле да ја крадеме историјата на сите соседни земји” ?!?
Ваква поразителна порака ни Брисел, ниту па светските историчари не ни упатија за сите 20 години од борбата во спорот со името.

И вториот момент, дека со Бугарите влечеме исти корени и тоа е точно, но “заборави” да каже еден историски факт дека 70% т.н. Бугари се одродени Македонци. Штета што не им се дава никакво демографско и етничко право на попис да се изјаснат како се декларираат и чувстуваат Македонците во Бугарија.

Кој како сака нека се декларира, бугарофил или србоман, но вакви непопуларни изјави (мислам на последните две што ги посочив) посебно пред година и кусур пред избори, не одат во прилог на ВМРО-НП. ВМРО-ДПМНЕ може да се радува, зошто штотуку доби на подарок добри поени на следните избори.

Не мислите дека ова оди токму во прилог на ДПМНЕ?

#49   alexandro on 05.31.10 at 9:58 pm

Понавредливи тези за Македонија и македонскиот народ не сум прочитал ниту од најголемите непријатели! Одвратно ми е да ги раскринкувам една по една. Ги гледам во една целина, во една слика во која тоне Македонија.
Сепак јас верувам во капацитетот на мојот народ во целина, за разлика од него…

#50   stefus-refus on 05.31.10 at 10:07 pm

Алекс, Eфтов му рече вие сте поагресивен и напријателски настроен кон Македонците и Македонија од Божидар Димитров. А Ефтов имаше едно малку непријатно па дури и малку опасно интервју со Димитров пред некој месец.
Инсонија, во право си со тоа самиот себе се дискредитира им прави услуга на неговите конкуренти. Но, дури и тоа веќе не е многу вистина зошто нема никаков рејтин и неговите подржувачи се бројат на прсти на една рака.

#51   alexandro on 05.31.10 at 10:12 pm

Не го запамети тоа, но не ме чуди.
Да се негира капацитетот на македонскиот народ да има своја независна држава тоа може само осведочен македономрзец или лудак!
Или и едното и другото…

#52   andrej on 05.31.10 at 10:25 pm

Alexandro

ај по ред:

Бранко е Југословен. (Банко е роден вп Сараевое, живее во Македонија, може и да е Југословен, ништо чудно)

Мнозинството од македонците несакаат своја држава тие се за Југославија. (ако се секаваш еднаш Андов, во едно интревју кажуваше дека пред референдумот Љубчо му рекол дека не верува во македонскиот народ и дека референдумот нема да успее. Кога Андов го прекорил, овој му одговорил дека Киро е уште поголем скептик од него. Така да оваа изјава не ме зачудува, а и можеби коинцидира за тој период)

Јас никогаш не би сакал повеќе да стапнам во зградата на ДПМНЕ. (негово право нели?)

Бивша Југословенска Република Македонија е најсоодветно име за Македонија (не можеме да побегнеме од фактот дека сме тоа БЈРМ. И … тој мисли дека тоа е најсоодветно. Можеби ако даде добро објаснение е и така. Не сум ја гледал емисијата па не знам дали дал објаснение)

Р.Македонија е составен 3 дела еден Исламски друг Српски а трет Бугарски. (тука веројатно мисли на власта. Со што можам да се сложам)

Антиквизацијата„ денес е грчки заговор против Македонија и ја прават грчки шпиони (со ова апсолутно можан да се сложам дури и да додадам, преку српските инсталации)

Јас сум Бугарофил, Македонски идентитет е измислен од Бугарскиот и можам мирно да си спијам со тоа. ( И тука не можам да видам нешто трагично. Нормално е еден бугарофил да размислува на тој начин.)

Јас сум Бугарофил 2/3 од ДПМНЕ беа бугарофили како мене (е сега дали е 2/3 или помалку или повеќе нема да цепидлачиме)

И што виде толку трагично во тоа???

Но јас тоа би го погледнал малку од друга страна. Видиш Инс мисли дека тоа има врска со неговата партија итн итн. Јас мислам дека нешто друго е во прашање. 2010 година е десет години од 2000. А тој беше премиер до 2002 година. Значи по нашите позитивни закони тој може сеуште да одговара за последните две години од својот мандат ако има направено криминал, а тоа НГ најдобро го знае, зашто беше чувар на неговите пари. Лесно му беше со Бранко зашто можел да направи дил за взаемно негонење, но со НГ нема дил и лесно може да се поведе постапка која на НГ ке му донесе поени на следните избори, кој сакале или не ке ги имаме најкасно до март идната година.

Затоа Љубчо го истакнува јавно своето бугарофилство, кое со бугарскиот пасош сега веќе му осигурава заштита од Бугарија и ЕУ. Секое негово гонење после ова ке биде толкувано како политичка и националистичка пресметка и под притисок на странците нема да биде овозможена. Истовремено не испушти прилика да го нападне НГ затоа што враќањето на БЦ му ја пружа истата заштита која ја имал и после 2002 до денес.

Аферџија, нели …

#53   alexandro on 05.31.10 at 10:38 pm

Андреј, во првиот коментар спомнав дека нема да навлегувам поединечно во неговите небулози. Ја гледам основната порака која како мозаик ја склопуваат сите тие елементи, а таа е следната:
Македонија е вештачка творба и таа треба да исчезне!
Каде се Македонците во неговите тези????
Каква е иднината на држава во која мнозинскиот народ не сака да биде независна, во која има се’ и сешто само не критична маса за драва?
Просто не ми се верува колку низок капацитет имаат македонските новинари и политичари (со чесни и раритетни исклучоци) што не ја гледаат оваа грозна и одвратна антимакедонска композиција!

#54   alexandro on 05.31.10 at 10:43 pm

П.С Сеуште не можам да се сетам дека ваква голема навреда за македонскиот народ имало порано од некого, освен оние будалаштини на Шешељ…
Само едно му честитам – и натаму ги манипулира сите а најмногу оние од неговата јадна и бедна ВМРО НП. Демек „утре“ се активира, а цело време се мајтапи. Ај со нив ама овојпат отиде предалеку….

#55   andrej on 05.31.10 at 10:43 pm

Ма го заболе него за Македонија, исто колку и сите тие што таму се џилитаат за Македонија.

Пари пари пари …

Се е околу парите, а Васко Ефтов работи за пари, па му направил едно вакво алиби кое на секој во ЕУ ке може да му го покажува дека (ако го гонат) го гонат за политички цели а не за криминал.

Не ја заборавај пораката која БЦ му ја упати на НГ, со барањето за промена на уставот и гонење за голем криминал да не застаруваат. Тоа значи дека НГ во периодот 2000-2002 нема направено ништо. Затоа у може да го терети сега Љубчо. Мислам дека овој од тоа се плаши.

#56   andrej on 05.31.10 at 10:44 pm

Ма која НП, човече. Па тој живее со дневна камата од неколки илјадарки, бре. Го заболе него за политика.

Чува дупе.

#57   alexandro on 05.31.10 at 10:46 pm

Е да… Доколку имало криминал во тој период тогаш одговорноста би се однесувала на двајцата и некои други, се разбира. Само Ључо отсекогаш бил итар па мислам дека негов потпис тешко ќе најдеш.
Бугарин ти ќе зезнеш за пари.?!? :D

#58   stefus-refus on 05.31.10 at 10:53 pm

Незнам дали е за пари или не. Но знам дека типов има автодеструктивни тенденции. Треба да си тотално дефектен за од премиер да стигнеш до оваа позиција.
Мислам дека сега самиот се проектира на Македонија, Тој пропадна сега сака Македонија и Нардот исто така да пропадне како него. Сличен филм како Михајлов после 1945. Лузер со големо Л.

#59   andrej on 05.31.10 at 10:53 pm

Па потпис нема ама НГ му го знае патот на парите а тогаш полесно се доаѓа до вистината. Мислам дека и земањето на државјанство и ова интервју се само обид да се заштити.

Добро му е него и без политика. Си има тој други проблеми.

#60   andrej on 05.31.10 at 10:55 pm

Стефус

читаш ли горе. Неколку илјадарки дневно. Не денари еврејчиња. И тоа неколку по сите информации е преку 10.

Каква Македонија те спопаднала.

#61   maat on 05.31.10 at 10:57 pm

A што е разликата помеѓу Србија и Југославија, та бугарофилот бил во право?!
За другарчето му со кое си го поделија македонското азно, додуше на не еднакви делови, по ербап беше тој другиот, не смее да зуцне ништо лошо зашто исти си се!
Тандем!
Што *лош* овој сегашниов (го натера мрзливиот да мора да работи и да шета по селата, дури и со *сељаци* да разговараа, а тој така елитен, овој пак бугарофилов го натера да мора, докрај, да се глупира, поради сиџимчето што го затега околу вратчето) гради и се бори за зачувување на достоинството на својот народ.
И двајцата го потценуваат македонскиот народ!
Сета оваа шарада ме потсетува и асоцира на еден виц, оргинална случка, од Велес, за ороспија со тапија! Само во плурал!

#62   stefus-refus on 05.31.10 at 11:06 pm

Извини АА, без навреда ама навистина најчесто не те читам. Најчесто неможам да те разберам што сакаш да кажеш така да прекинав а, твоите објаснувања не ми помагаат така да нема логика да се трудам повеќе. Поздрав

#63   andrej on 05.31.10 at 11:19 pm

Не се разликуваш по ништо од многу патриоти по блогерајот.

Не читаат ни они. Доволен е никот и веќе си створил слика. Но …

Поздрав

#64   vmoroid7 on 05.31.10 at 11:36 pm

Андреј,

патриотите каменот од розета го разбраа,

а тебе не те разбираат? :D

Аљи А. го разбираат, а тебе не?

СЕ поинтересно станува …….. :D

#65   svabo on 06.01.10 at 12:07 am

е мој АА
ти па тупиш глаа у докажување со луѓе кои тити читаат а богами нити разбираат што пишуваш. :)
Дај нацртај му на стефус можеби така ќе разбере дека иљадарките европи му стигаат од каматите од парите кои ги стекнал како премиер со кои станал средно богат бизнисмен.

#66   stefus-refus on 06.01.10 at 8:47 am

Мене ми е гајле за парите што пред 10години можеби ги дрпнал. Ако не го фатиле или несакале да го фатат тогаш нема ни сега. А згора на тоа не е моја работа да бркам прљави политичари од пред 10 години.Ги има еден тон а има и органи на прогонот кој најчесто гледаат фудбал во кладилници. Тоа што индиректно признава дека крадел ми е најмалку интересен дел.
Само сакам сеир да му фаќам на паметот посебно сега кога тресе се што ќе му паден на памет. Ми праи ќеиф.

#67   andrej on 06.01.10 at 9:10 am

А кој зборува за парите.

Зборувам за истото што и ти. Само што ти мислиш дека му гледаш сеир на глупоста ама тие што знаат си ги јадат јајцата зашто тој си створил заштита со оваа емисија.
Јавно се декларира како бугарофил а сега ти како власт иди гони го.
Или уште не свати???

#68   stefus-refus on 06.01.10 at 9:29 am

Типот има бугарски пасош од поодамна. Министерот за Здравство Димитров така кидна. Но, не очекувам дека некој ќе го гони Буби тоа не се случи до сега нема ни да се случи и понатаму. Нема шанси.
Си кажа само што си мисли човекот, нема никаков план и идеја за „заштита“ од некаков потенцијален прогон.

#69   andrej on 06.01.10 at 9:43 am

Димов, е министерот за здравство од СДСМ што си ја дувна со бугарски пасош.
Љубчо има бугарски пасош и тоа не е тајна,најверојатно и лична карта има бидејки беше пријавен како жител на некое место.
Но како што гледаш тој од Скопје не мрднал, а на Груевски кој на следните избори не може да излезе со некој економски успех, странска инвестиција, или било каков успех, му останува само старата фината со апсење на големи криминалци со што ке го храни народот (името до следните избори ке мора да го реши под притисок на американците, па на тој план веќе ќе има минус).
Ама се покажа дека неможе да направи ништо со противничкиот СДСМ, сите што ги затвори му избегаа од раце или во вторстепена постапка ги ослободија, па ке мора да удри онаму каде што му се клима а тоа е неговата партија со оваков или онаков предзнак.

Затоа она што треба да очекуваме е напад и притисок над Љубчо и Љубе, дуо ЉЉ, кој преставуваат најголема опасност за него, поголема од БЦ. Лесно може да остане и без власт и без партија.

Љ.Георгиевски на овој начин се заштитил од можноста за гонење на основ на криминал, затоа што тоа веднаш ке го претвори во политичка пресметка, и тоа брзо ке падне во вода.

Љубе очигледно ја свати играта па почна да ги чисти своите редови од оние кои седат на две столици.

Затоа ако сакаш да гледаш сеир, очекувај ги внатре во ВМРО, каде помеѓу ова комунистичко (или српско крило како што милуваат да кажат бугарите) и останатите крила ке почне внатрепартијска игра која ке треба до слените избори најверојатно почетокот на идната година (американците очигледно нема да дозволат избори пред промена на името)

#70   andrej on 06.01.10 at 9:45 am

да го даде лидерот на ВМРО кој ке биде противник на СДСМ.

Не знам зашто не испадна крајот на реченицата

#71   stefus-refus on 06.01.10 at 9:49 am

Нема шанси тоа да се случи.
1. На Систер Љубе и на Буби рејтингот им е во минус. Посебно сега после фијаската со Филип Петровски и интервјуво.
2. Работите не функционираат така како што мисли.
Поз

#72   andrej on 06.01.10 at 9:55 am

Ха ха рејтинг !!!

Па со пет шест анкети рејтингот твој може да се набилда над оној на Груевски човече. Рејтингот е мачкање очи на народот.

Кој ке биде во тој рејтинг е работата, а тоа не одлучува народот туку оние кој го контролираат рејтингот.

Живи били па видели, викаат комунистите од србија. Јас очекувам наскоро Груевски да се соочи со ВМРО, она дуо ЉЉ или некое друго но игрите ке почнат.

#73   stefus-refus on 06.01.10 at 10:00 am

Најголем дел од Анкетите се потврдуваат на избори така да…Како оријентационо им верувам но не како конечно.
Не, Јок Нема шанси. Буби никој не го чепка вакво кловн не закача шоуто не се упропастува. За Сестрата незнам што правел ама несум чул некоја таква афера до сега.

#74   andrej on 06.01.10 at 10:04 am

Па нормално е дека анкетите ке се потврдат на избори, тие се механизамот со кој му се пере мозокот на народот. Знаеш како викаат една невистина кажана петнаесет пати се претвара во вистина. И така американците преку “независни” анкетари ке направат анкети во кои да кажеме Љубчо е на прво место и нормално оној од пред кооперација ке почне да размислува како “повеќето” од народот.

Поздрав од мене, излегувам

#75   stefus-refus on 06.01.10 at 10:13 am

Не верувам дека “лажни„ анкети имаа големо влијание врз јавното мислење. Не ја гледам логиката некој да си го смени ставот само поради тоа што на анкета најголем дел мислел така. Ептен глупаво звучо. Поздрав

#76   filipko on 06.01.10 at 10:20 am

Не можам да разберам зошто не можете да го разберете човекот.Кажа,ЈАСНО И ГЛАСНО дека нашата дијаспора дала дури 1 500 тогашни марки за да се формира партија што ќе се залага за целосно наше осамостојување .Што мислите,лебати партија,без пари се формира?Или да не се доволни 1 500 марки?Не треба човек да биде многу паметен да заклучи од каде се другите пари.Околу имаме многу дарежливи служби.Така е тоа,со нашиот менталитет.Не даваме пари,после Љупчо ни бил крив за се.

#77   filipko on 06.01.10 at 10:22 am

Ние сме ти не срби со говорна мана,ами стиснати мрчала

#78   stefus-refus on 06.02.10 at 9:47 am

За АА.

ВМРО-ДПМНЕ е несоборлива во десницата

Ѕвездата на Груевски не ја засенија обвинувањата за бугарофилството и за нерегуларниот избор во ВМРО-ДПМНЕ

Оливера Војновска

ВМРО-ДПМНЕ останува неприкосновена во десничарскиот камп независно од ударите што и’ се нанесуваат странично, но и директно однатре од луѓе што се вложиле во нејзиното основање. Нејзината позиција во десницата, но и онаа на Никола Груевски, како што се тврди, со ништо не е загрозена.

Се чини дека ѕвездата на Груевски не ја засенија ниту силните обвинувања од експремиерот Љупчо Георгиевски за бугарофилството во ВМРО-ДПМНЕ и за, наводниот, нерегуларен избор на Груевски на кормилото на партијата во 2003 година. Познавачите на случувањата во десницата се убедени дека Георгиевски нема политичка тежина за да им нанесе штета на ВМРО-ДПМНЕ и на Груевски. Уште помалку тоа може да го сторат ВМРО-Народна и Љубе Бошкоски и неговата Обединети за Македонија, која се соочува со внатрешни потреси.

Политикологот Владимир Божиновски вели дека не може да се зборува за некакви посебни односи во десницата кога една партија е предоминантна и собира 95 отсто од гласовите во овој политички блок.

„Позицијата на ВМРО-ДПМНЕ е многу силна, наспроти незначителното влијание што го имаат ВМРО-Народна и Обединети за Македонија. ВМРО-Народна би можела да егзистира како една микропартија на политичката сцена, па и да смета на две-три пратенички места, но само доколку ги среди односите внатре во партијата и ако се искристализира позицијата на Љупчо Георгиевски. Обединети за Македонија е завршена приказна“, убеден е Божиновски.

Според него, ОМ од почетокот не била поставена на здрави основи. „ОМ се формираше импулсивно. Тоа не беше направено плански, туку хаотично и се потпираше на индивидуална поддршка и на многу чувства. Потоа Бошкоски не само што не ја ефектуира поддршката од претседателските избори, туку комплетно ја уништи популарноста која ја стекна со улогата на маченик во Хаг. Тој не успеа да привлече доволно луѓе што би го напуштиле ВМРО-ДПМНЕ“, вели Божиновски.

Притоа додава дека Бошкоски и неговата ОМ се соочиле со два силни потреса, судирот со Јохан Тарчуловски и обвинувањата од довчерашниот партиски потпретседател Филип Петровски за косовските извори на финансирање на ОМ. „Бошкоски во очите на поголемиот дел од потенцијалните поддржувачи е предавник. Од друга страна излегува Петровски и кажува за сомнителното финансирање на ОМ со пари од Косово. Ова е завршен удар за Бошкоски, од кој не очекувам да заздрави. Тој може слободно да стави клуч на врата на ОМ“, смета Божиновски.

Аналитичарот Жидас Даскаловски вели дека ВМРО-Народна и Обединети за Македонија се многу мали играчи на политичката сцена. Настапот на Георгиевски го толкува како обид да ја оспори легитимноста и да го поткопа влијанието на Груевски и кај членството и кај симпатизерите. „Мотивите за ваквиот настап може да бидат подготовка на теренот за избори и создавање конфузија кај потенцијалното гласачко тело.

Тие теми околу бугарофилството во десницата постојат од раните деведесетти години од минатиот век и создаваат конфузија кај гласачите. Доколку навистина имало бугарска врска, тогаш таа била вешто прикривана при победата на изборите во 1998 година, а подоцна во 2006 и во 2008 година. Добро е да имаме здрави односи со Бугарија, но поради нивното оспорување на македонскиот јазик и нација, ВМРО-ДПМНЕ треба да се изјасни. Бидејќи настапот на Георгиевски сугерира дека ВМРО-ДПМНЕ не е на браникот на одбраната на македонскиот идентитет во однос на бугарските позиции“, вели Даскаловски.

Наспроти ваквиот став Божиновски смета дека поранешниот премиер не заслужува коментар. „Какви изјави само имаше Георгиевски во последните осум години. Зошто не го кажа ова во 2004 година, туку сега кога е бивш политичар и има мала политичка тежина. Да го кажеше ова во 2004 година ќе имаше страшно влијание. Времето на Георгиевски е завршено“, вели тој.

Во контроверзното интервју на Георгиевски за емисијата „Во центар“ на телевизија Канал 5, тој го нарече Груевски „Србин со говорна мана“.

Ганка Цветанова: Изборот на Груевски беше регуларен

Поранешната потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ и ексминистерка во Владата на Георгиевски, Ганка Цветанова, не сака да коментира ничии национални чувства. “Секој треба да говори за сопствената национална определба, а не во туѓо име. Моето национално чувство е исто како и секогаш, јас сум Македонка”, вели Цветанова. Таа претседаваше со Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ во 2003 година во Охрид кога на чело на партијата дојде Груевски, а за кој Георгиевски кажа дека бил наместен.

“Со целосна одговорност тврдам дека Конгресот беше најрегуларен и немаше никаков фалсификат. Двата тима на кандидатите водеа демократска кампања меѓу членството со трибини и со средби. Немаше ниту притисоци ниту уцени. На Конгресот имаше делегати што отворено го поддржаа Марјан Ѓорчев. Груевски победи со голема разлика, но и Ѓорчев доби гласови. Георгиевски тогаш му даде безрезервна поддршка на Груевски”, вели Цветанова, која на Конгресот беше во тимот на Груевски и, исто така, му даде безрезервна поддршка. (О.В.)

#79   edge on 06.05.10 at 1:07 am

?

#80   peronakov on 06.05.10 at 3:20 am

Аааааа, сеа ми е јасна болката на Аандреј.
Е боли вистината, факт.

#81   logous on 06.05.10 at 3:42 am

oti ne spies be Pero?

Kolku e saatot tamu kaj tebe?
Ne mozes da zaspies?

#82   logous on 06.05.10 at 3:57 am

aj nani Pero

http://www.youtube.com/watch?v=B2QKKUPwbqE

#83   peronakov on 06.05.10 at 4:32 am

сеа ќе видиш зошто!

#84   peronakov on 06.05.10 at 4:37 am

Nema da vidis, zgreska sum bil.
Ti be logous kako lesinar kruzis okolu bojnovo pole, a?

#85   peronakov on 06.05.10 at 4:42 am

Da znaes samo filipko kolku si vo pravo, se druzam “stisnatite mrcala” sekoj vikend u dijasporava. Neverojatno sto se sum videl.

#86   filip22 on 06.05.10 at 8:39 am

stefus refus-Во анкетите може да гледа кој како сака,таму може да црта кој како сака.Анкета како за себе.Една работа е вистинита.Погледниги само неопределените и тие што нема да гласаат,секогаш се 55-56%.Значи рајтингот не е така како што се сака да се прикаже.Можеби во однос према другите,но во вкупниот збир работата е лабава.

#87   alexandro on 06.05.10 at 8:45 am

http://www.ereporter.com.mk/mk-mk/Details.aspx?Title=9445

:D

#88   filip22 on 06.05.10 at 8:47 am

Во одос на Љ.Г. работата воопшто не е битно што е и како е,битно е што не закрпи како држава.Работата е во тоа што тој самит признава дека како премиер имал привилегии.Со тоа кажува сам дека бил корумпиран,дека за времето кога бил премиер терал бизнис.Да не збруваме за “Окта“,КО-КО Годел и др.

#89   andrej on 06.05.10 at 9:13 am

Стефус

Груевски ја почна кариерата со спектакуларното апсење на економскиот криминалец Саша Андоновски, кој гледавме како специјалци го апсат на аеродром небаре Шакал слетал на скопски аеродром.
Вчера гледавме исто такво апсење на еден гинеколог.
Ене ти Александро ти пуштил линк од сателитот на Груевски (кој BTW непартиски е вработен во државска служба!!!).

И не знам ти што очекуваш некој да го напише јавно ова што јас го пишувам на блог???

Па Груевски е тргнат во бој со ВМРО. Сака неговото ДПМНЕ да остане на власт.

#90   alexandro on 06.05.10 at 9:33 am

Петрарка никогаш не ги разбрал политичките игри. По се’ изгледа пак ќе остане без работа! Кутриот… :)

#91   stefus-refus on 06.05.10 at 10:54 am

AA, ништо посебно не пишуваш. Весниците се покритички настоени.

#92   andrej on 06.05.10 at 11:01 am

Па јас не критикувам. Јас само изнесувам зашто Љѕбчо изјавува дека е бугарофил и зашто земал бугарско државјанство.

Ке помине груевски па ке го слушнеме Љубчо.

#93   andrej on 06.05.10 at 11:02 am

Alexandro

затоа и секогаш ке си биде никој и ништо.

#94   stefus-refus on 06.05.10 at 11:05 am

Како и обично незнам за што зборуваш АА.

#95   andrej on 06.05.10 at 11:14 am

Па јас го пишувам тоа за тие што разбираат.

You must log in to post a comment.